Костовски: Обвиненијата на СЈО се правно неиздржани и без докази

ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека Специјалното јавно обвинителство работи по диктат на власта и оти сите нивни случаи и обвиненија се правно неиздржани, конструирани и без докази.
- Таргет и Тврдина се едни од случаите преку кои СЈО имаше за цел, целосно да ја изврти вистината и да ги манипулираа граѓаните. СЈО преку овие политички монтирани случаи, сакаше да претстави пред јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ од позиција на власт сама себе се прислушувала, што е крајно апсурдно и неточно тврдење, изјави Дарко Костовски пред седиштето на СЈО.
Тој посочи дека во случајот „Тврдина“, СЈО ја лажела јавноста и оти не е направена никаква штета врз буџетот со уништувањето на старата опрема за прислушување бидејќи опремата била неупотреблива.
- Уништувањето на опремата е направено со целосно испочитувани законски процедури, при што е формирана стручна комисија која одлучувала по однос на истото. Целата постапка е извршена согласно законски предвидени процедури и тука нема апсолутно никаков доказ кој ќе го негира тоа, рече Костовски.
Ново на Сител
-

Кубанскиот претседател возврати на забелешките на Трамп за „преземање“ на островот
-

Трамп: НАТО направи многу „глупава грешка“
-

Иран го нападна Израел со една од најнапредните балистички ракети
-

Патници од Скопје и Куманово се вратиле од Африка заразени со маларија
-

Собранието ќе избира нов државен јавен обвинител
-

Без струја дел од Сопиште, а без вода неколку улици во Центар
-

Променливо облачно и посвежо време
-

Сообраќајот без застои по влажни коловози
