Спорт плус
1. April 2019 - 11:01

Костовски и Димитриевска победници на вториот мастерс У 21

Во спортската сала на СОУ Ѓорче Петров во Прилеп во организација на ППК Младост 96 под покровителство на ППФМ се одржа вториот Телеком Мастерс турнир за играчи до 21 година. На тунирот учествуваа повеќе од 50 играчи. Најуспешни во своите категории беа Петар Костовски и Ива Димитриевска.
 Турнирот покажа дека нашата држава располага со многу млади таленти кои доколу продолжат да тренираат, за што ППФМ најмногу инвестира во младите играчи, нашиот пинг понг има светла перспектива.
 Кај момчињата со својот квалитет се истакнуваат победникот Костовски, финалистот Александар Рикалоски, Дамјан Стојчев... Школите во Крива Паланка, Виница, Крушево, Штип ги имаат најперспективните играчи во категорија на играчи до 21 година.
 Кај момчињата во финалето се пласираа двајцата фаворите, првиот и вториот носител, Костовски и Рикалоски. Во многу неизвесен натпревар Костовски беше подобар со 4:3.
 Кај девојките повторно очекувано финале Ана Стојановска и Ива Димитриевска. Овој пат поуспешна беше Димитириевска која со 4:0 ја победи Стојановска.
 По подолга пауза втор турнир по ред учествува и Добринка Сотирова која е блиску до нејзината форма кога беше рамноправна со Димитриевска.
 Еден од најинтересните натпревари во конкуренција на сениорки У 21 беше меѓу финалистката Ана Стојановска и Сара Стојановска. После водството од 2:0 на Ана, Сара се врати во натпреварот и го израмни резултатот, но како да немаше доволно сили и концентрација за целосен пресврт.
 
Победници Сениори У 21
 1. Петар Костовски
 2. Александар Рикалоски
 3. Дајан Стојчев,
    Антонио Пецов
 
Победници Сениорки У 21
  1. Ива Димитриевска
  2. Ана Стојановска
  3. Добринка Сотирова,
      Бојана Михајловска