Костов: На Траума центарот во ГОБ „8 Септември“ на секое дежурство по две до три операции
На Траума центарот при ГОБ „8 Септември“ не се случило итен пациент да чека ред за операција, скоро на секое дежурство има по две до три операции, истакна денеска директорот на билницата Христијан Костов на отворањето на новиот Кардиоваскуларен центар во склоп на Гратската општа болница, отфрлајќи ги шпекулациите дека се откажуваат операции поради недостиг на кадар.
-Поради несоодветното планирање на кадарот во оваа болница, за жал,заради старосна граница отидоа во пензија за два-три месеци пет анестезиолози, специјалисти по анестезија и анимација на 67, 68 годишна возраст, воедно не било планирано создавање нов кадар нови анестизиолози и дојдовме до овој да кажеме јаз од неколку месеци. Во координација со Министерството, дел доктори ни дојдоа на помош од Клиниката за реанимација и анестезија. Во долгедно време уште двајца доктори кои се ипратени на специјализација од оваа установаќе бидат во редовите на нашата установа и сметам дека најмногу за два до три месеци тој проблем ќе биде решен сто проценти, рече Костов.
Министерот за дравство Венки Филипче истакна дека интензивно работат на обезбедување финансиски согласности за нови работни места.
– Свесни сме дека стручен кадар не се создава преку ноќ, во таа смисла дозволуваме ротација на кадри од таму каде што ќе има, пред се, од Клиниката за анестезија, заради тоа што најмногу ни недостасуваат анестизиолози па може да ротираат од останатите болници вклучувајќи ги болниците ширум државата, појасни Филипче.
За таа цел, дополни, направена е измена во Законот за здравствена заштита со што е дозволено специјалисти да може да вршат дејности во здравствени домови и институции каде што не е регистрирана таа дејност.
– Распишани се огромен број специјализации, близу 1.000, близу 300 суспецијализации за следниот четиригодишен период, а над 200 само за оваа година. Свесни сме дека тоа ќе земе време меѓутоа даваме алтернативни можности да се надополни кадарот по системот на ротација, рече Филипче.
Ново на Сител
-
Протест за смртта на Фросина
-
Има ли одговорност кај обвинителството и судството?
-
Бојкот на маркетите поради високите цени
-
Македонија платила над 7 милијарди евра за увозна храна за 10 години, додека младите „бегаат“ од земјоделие
-
Поскапува парното во Скопје - РКЕ донесе одлука за зголемување на цената за 5 отсто
-
Од понеделник парите од Унгарскиот кредит достапни за фирмите
-
Граѓаните на протест на Партизанска бараат одговорност од обвинителствтото и судството
-
Во живо од терен - дали граѓаните ги бојкотираат маркетите?