Костадиновска Стојчевска: Повисоки плати и по прв пат К-15 за културните работници
Повисоки плати и по прв пат К-15 во паричен надоместок за културните работници, напиша на својот Фејсбук профил министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска.
-Околу 3400 вработени во културните установи добија по 10.000 денари повеќе на својата сметка, регрес за годишен одмор за 2023 година. Обезбедивме над 37,6 милиони денари за К-15 на вработените во националните и локалните установи од областа на културата. Успеавме да ги зголемиме платите на сите профили, согласно Општиот колективен договор за јавниот сектор, напиша Костадиновска Стојчевска.
Министерката напоменува дека во изминативе две години вработените во културните институции добиле повисоки плати за 43 проценти.
-Само во последнава 2023 година имаше две покачувања. Поддршката на културните работници и институции е клучна за одржливиот раст и живост на нашиот културен сектор. Платите ќе продолжат да растат, Владата останува партнер со работникот, потенцира Костадиновска Стојчевска.
Ново на Сител
-
Најстудено на Попова Шапка, најмногу снег во Маврови Анови
-
Авион со 67 патници се урна во Казахстан | ВИДЕО
-
Два пожари во Кумановско - штетата допрва ќе се утврдува
-
Русија масовно ја напаѓа енергетската инфраструктура на Украина; тројца ранети во Харков
-
Божиќна честитка на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх Киро Стојанов
-
Кривична пријава против ракометар на Загреб за физички напад врз соиграч
-
Католиците и дел од православните го слават Раѓањето Христово – Божик
-
Експлозија во трговски центар во Русија | ВИДЕО