Костадинов: Сценаристи на денешниот инцидент во затворот се Мицкоски и Груевски
СДСМ смета дека случувањата со инцидентот во затворот „Скопје“ во Шутка во кој беа инволвирани поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски се обид на ВМРО-ДПМНЕ за дефокусирање на јавноста од улогата на партијата како осомничен организатор за насилствата на крвавиот 27-ми април.
-Медиуми и интернет поратали блиски до ВМРО-ДПМНЕ денеска синхронизирано пласираа голем број неточни, лажни вести и шпекулации како дел од ова сценарио. Однесувањето на антизападниот Мицкоски и неговиот театар во болницата „8- Септември“ е само уште една потврда за тоа. Особено имајќи предвид дека лицето М.Ј воопшто немало никакви повреди, што е потврдено со прегледот. СДСМ најостро осудува било какво насилство и во таа насока го осудува инцидентот во затворот Шутка. Нема толеранција за било какво насилство. Благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа денешната провокација, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски, изјави вечерва портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.
Очекуваме, рече тој, сите надлежни институции до крај да го расчистат овој инцидент.
-Нема да им дозволиме на Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи и тензии и да ја загрозат иднината на нашата татковина и сигурноста на граѓаните. Насилството ќе се санкционира, а Мицкоски нема да успее, одговороност за нарачателите и реализаторите на крвавиот 27 април мора да има, додаде партискиот портпарол.
На Јанакиески синоќа му беше одреден 30-дневен притвор во врска со случувањата во Собранието на „27 април“. За истиот случај притвор доби и поранешниот министер Спиро Ристовски.
Повеќе медиуми денеска објавија дека Јанакиески и Ристовски, биле повредени во физичка пресметка во затворот. Оттаму го потврдија инцидентот, но посочија оти предизвикувачи биле Ристовски и Јанакиески. Од ГОБ „8-ми Септември“, потврдија дека кај нив бил примен Јанакиески, но оти не му биле констатирани телесни повреди.
Ново на Сител
-

Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло
-

Ердоган повикува на завршување на војната во Иран пред да биде зафатен целиот регион
-

САД ги предупредија цивилите да ги избегнуваат пристаништата што ги користат иранските сили
-

Трамп изјавил за Аксиос дека војната ќе заврши „наскоро“
-

Мицкоски: Со претставниците на маркетите заклучивме дека треба да има фер цени на производите, не и ново зголемување
-

Намален бројот на работници во индустријата
-

Раст од 6,2 проценти на бројот на туристи во јануари
-

Десет пожари за десет дена во Крива Паланка

