Костадинов: Очигледно е задоволството кај земјоделците од „зелената нафта“

Денеска сум помеѓу граѓаните на мојот струмички регион каде што со земјоделците разговаравме за мерката зелена нафта.
Мерка преку која земјоделците ќе имаат можност да набавуваат поевтина нафта за земјоделска механизација од 30 отсто.
Очигледно е и задоволството кај земјоделците од оваа мерка која што за мене, а и за нив од разговорите, обезбедува три клучни работи, а тоа е намалување на трошоците за производство, секако обезбедување на многу поконкурентни земјоделски производи и трето и најважно преку оваа мерка враќаме пари директно назад кај земјоделците односно ги подобруваме семејните буџети на земјоделците.
Само преку оваа мерка обезбедуваме околу 200 милиони денари или над 3 милиони евра назад директно кај земјоделците.
Од тоа кој колкав износ ќе земе зависи, нормално, од производството, видот на производството кој го има пријавено за субвенции.
Вреди да се спомене дека највисокиот износ кој што може да го имаат на картичките е лимитиран на 100 000 денари.
Преку мерката “Зелена нафта” практично заокружуваме еден циклус мерки преку кои го унапредуваме земјоделието и допринесуваме за подобар стандард кај земјоделците и нормално, ве уверувам дека како одговорна и државотворна партија дополнително ќе ги засилуваме активностите, мерките во однос на земјоделието, затоа што сите знаеме дека земјоделската гранка е една од најважните стопански гранки во Република Северна Македонија.
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
