Македонија
22. February 2019 - 14:07

Костадинов: Не успеа обидот на Мицковски и Груевски преку насилничко сценарио да се дефокусира јавноста од 27 април

Насилничките сценарија, создавањето тензии и пласирањето лаги се единствените политики на антинародниот Христијан Мицкоски и неговиот шеф, Никола Груевски.

Мицкоски треба да излезе пред јавноста и да им се извини на граѓаните за лагите што ги ширеше вчера и за провидниот театар пред болницата 8-ми септември.

Особено откако самиот Мицкоски се демантираше себе си. Прво рече дека никој од болницата не дошол да им соопшти за состојбата а по само неколку секунди признава дека тоа не е точно.

Порталите и медиумите блиски до Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, што вчера ширеа лажни вести и драматични шпекулации, треба да им се извинат на граѓаните за пласираните невистини и да ги повлечат спорните објави.

Тоа им го должат на граѓаните. Објективното, вистинито и професионално информирање на граѓаните треба да биде императив на сите чинители во медиумскиот и јавниот простор.

Соодветна истрага за овој инцидент ќе ги даде сите одговори.

Останува фактот дека не успеа обидот на Мицкоски и Груевски преку насилничко сценарио да го дефокусираат вниманието на јавноста од фактот дека токму врвот на ВМРО-ДПМНЕ е главниот осомничен за организирање на насилствата на крвавиот 27 април.

Граѓаните и институциите нема да дозволат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да создадат нови кризи, поделби и тензии.

Секаков вид на насилство ќе биде санкционирано. Мицкоски нема да успее, ќе има одговорност за организаторите, нарачателите и извршителите на насилството од 27 април.