Костадинов: Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ, АА и Левица да блокираат нека ги вратат платите овој месец
Опозициските партии во Собранието прават се за да се блокираат процесите важни за граѓаните и за иднината на државата, обвини денеска пратеникот и портпарол на СДСМ, Коста Костадинов.
– ВМРО-ДПМНЕ заедно со неформалните коалициски партнери Алијанса и Левица, заеднички учествуваат во блокирање на законите кои обезбедуваат реализација на економски мерки од четвртиот и петтиот пакет, рече Костадинов.
Според него, срамно, безобразно и понижувачки е пратеник да им вели на граѓаните да се стрпеле некој месец без плата, а истиот тој да дојде во Собранието, да не се појавува на седници и да зема месечна плата неколкукратно поголема од минималната плата. За Костадинов, опозицијата воопшто не се грижи за здравјето на граѓаните и нивните колеги пратеници.
– Пратениците од сите политички партии имаат обврска пред граѓаните да си ја работата работата, за што земаат плата. Ако сакаат ВМРО-ДПМНЕ Алијанса и Левица да блокираат нека ги вратат платите овој месец, затоа што освен блокади ништо друго и не сработеа, рече пратеникот на СДСМ.
Покрај законите кои се однесуваат на економските мерки, опозицијата, обвини тој, кочи и десетици закони кои се важни за развој и напредок на државата и институциите, како законот за административни службеници, за високо образование, за внатрешни работи, за работни односи, измените и дополнувањата на Законот за здравствена заштита, Законот за културно наследство, Законот за нов Клинички центар, финансирањето на новиот еколошки јавен превоз во Скопје…
– Во услови кога државата, целото општество се уште се соочуваат со коронавирусот, опозицијата се противи на продолжување на кризната состојба. Кризна состојба на целата или на дел од територијата се прогласува уште од 2015 со мигрантската криза и досега никогаш не била оспорена или проблематизирана, рече Костадинов.
Како парламентарно мнозинство, потенцира тој, ќе ги искористиме сите деловнички и законски можности, сите закони во интерес на граѓаните да бидат донесени и реформите да продолжат.
Ново на Сител
-
Ахмети: Груби не е во бегство, но нема да се појави пред одмаздничка правда
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска комисија
-
Коцевски не знае каде избегал Груби, но „кртот“ за акцијата не бил обвинителство
-
Шверцувале скапи автомобили од ЕУ и ги продавале во земјата - Кривична постапка против 10 лица за кримучарење возила
-
Одземен му е пасошот на поранешниот директор на ТИРЗ, тој не се чувствува виновен
-
Засилени безбедносни мерки во Охрид
-
Празнична сезона во Крушево
-
Хуманитарна акција во Берово