Косовското МВР: Наше возило имало сообраќајка, но министерот не беше во него

Министерството за внатрешни работи на Косово соопшти дека негово службенон возило претпладнево имало сообраќајна несреќа во Приштина, но ги демантираше информациите на некои медиуми дека во возилото бил ресорниот министер Екрем Мустафа.
Според соопштението, утрово во приштинската населба Арберија се судриле две возила, од кои едно полициско, во кое биле четири службени лица од кабинетот на министерот.
– Министерството за внатрешни работи ве информира дека едното од двете возила кое денеска околу 9 часот учествуваше во сообраќајната несреќа во населбата Арберија во Приштина е сопственост на МВР. Во ова возило се наоѓале четири службени лица од кабинетот на министерот Мустафа. Ве известуваме дека во споменатото возило не се наоѓал министерот за внатрешни работи, Екрем Мустафа, се наведува во соопштението.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, локалните медиуми претходно објавија дека во службеното возило на МВР бил и Мустафа, кој, според неофицијалните информации, не бил повреден.
Извори од Клиничкиот центар во Приштина потврдија за „Газета Експрес“ дека три лица, чиј идентитет не го открија, побарале лекарска помош по сообраќајката. Според болничките извори, ниту еден од повредените не се здобил со потешки повреди и сите се пуштени на домашно лекување.
Ново на Сител
-

Русија тврди дека Украина одбила прекин на огнот во Костјантинивка
-

Вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие, уапсени пет лица
-

Иран и Катар ја обновуваат поморската трговија по речиси петмесечна пауза
-

Поради активност на вулканот Етна суспендиран авионскиот сообраќај на Сицилија
-

Ѓорѓиевски: Пожарот кај „Рампа“ е ставен под контрола - длабок поклон за брзата реакција на пожарникарите
-

Големиот пожар во близина на Солун ставен под контрола – уапсено едно лице
-

Мицкоски: Зголемување до 2,5 денари за дизелот и околу денар за бензините - повторно остануваме држава со најниски цени
-

Бруклинскиот мост се запали за време на прославата на Денот на независноста
