Косовските царини со рекордни 500 милиони евра приходи во првите пет месеци од годината
Косовските царини објавија дека, за прв пат од нивното основање, во Буџетот на Република Косово придонеле со повеќе од половина милијарда евра во првите пет месеци од годината, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според соопштението на Царините, кое синоќа го пренесоа приштинските медиуми, од почетокот на годинава до крајот на месец мај, во Буџетот се слеани 500,635 милиони евра, што е за 27,6 отсто, или 108,5 милиони евра повеќе одошто во истиот период од 2020 година.
Рекордниот пораст на приходите, напоменува Царината, се должи на низа преземени мерки во минатиот период, меѓу кои и оние за справување со неформалната економија.
Генералниот директор на Косовските царини, Агрон Лугаџиу, изјви дека се очекува преземените мерки и нивните ефекти да придонесат, меѓу другото, и за развој на домашното стопанство.
– Високиот прилив на приходи доаѓа како резултат на подобрената економска перформанса, како и од нагласените дејствија за справување со неформалната економија, пројавени на разни начини, како што е шверцот, дампингот и другите облици на измами, што освен подобрувањето на приходите, исто така ќе овозможи погодна клима за развој на бизнисот и домашното производство, се цитира Лугаџиу во соопштението.
Ново на Сител
-

Трамп до републиканците: Победа на меѓуизбори или демократите ќе ме отповикаат
-

Венгу: Во Драч поплавени 800 домови, евакуирани 180 жители, опасноста не е помината
-

Виткоф: Постигнат значителен напредок во преговорите за безбедноста и обновата на Украина
-

Утринските температури над нулата, најмногу дожд на Попова Шапка и во Пожаране
-

Меѓународен спорт во 2025: Дуплантис прескокна 6.30 метри, Норис стави крај на доминацијата на Верстапен во Ф1
-

Премиерот Мицкоски ќе присуствува на литургија по повод Христовото раѓање-Божик
-

Православните христијани го слават Рождеството Христово – Божик
-

Попладне врнежи од дожд, над 25 литри
