Косовски полицајци на 26 март во Скопје
Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи Славјанка Петровска истакна дека со косовските колеги се во координација во пресрет на фудбалскиот дуел Македонија-Косово. Таа истакна и дека се очекува испорака на нови пасоши.
– Во постојана комуникација сме со косовските колеги и се очекуваат да дојдат во Скопје на оперативна средба каде што ќе размениме информации со кои располагаме. Нивно присуство ќе биде забележано и на 26 март, изјави Славјанка Петровска од Теарце.
За проблемите со набавка на пасошите, Петровска потенцира дека се уште се работи на отстранување на застојот во издавањето.
-Во координација сме со компанијата која врши испорака и очекуваме да бидеме известени за денот на испорака, рече дополнителната заменик министерка.
На новинарско прашање истакна дека иако се двајцата на подрачје на СВР Тетово, се координирани и известени меѓусебе со министерот Наќе Чулев.
Ново на Сител
-
82 години од депортацијата на македонските евреи
-
Таравари ќе го поништи тендерот за паркингот на клинички
-
Министерството за култура и туризам обезбеди 15 милиони денари за реконструкција на црквата Св. Кирил и Методиј во Струмица
-
Крводарителството во Охрид во подем
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Антонио Милошоски, потпретседател на Собрание
-
Акција против загадувачите
-
Нови правила за сезонските работници во Македонија