Косовски министер бил на изразување сочувство кај родителите на Лаврдим Мухаџери

Во Косово се крена голема прашина по веста дека на изразување сочувство во Качаник, кај семјството на Лаврдим Мухаџери, лидер на албанските џихадисти на ИД во Сирија, бил Љутфи Жарку, министер за инфраструктура во заминување.
Првиот човек на Центарот за истражување и безбедносна политика, Бурим Рамадани, побара Жарку веднаш да си поднесе оставка од сите политички функции, доколку се потврди информацијата што кружи низ Косово.
Според него, однесувањето на министерот е многу погрешен чекор, дека е однесување кое стратешки е против Косово, односно дека е на штета на Косово.
-Вистината околу веста треба Жарку јавно да ја потврди или со аргументи да ја демантира, а објаснување треба да даде и Владата. Ова не е детска игра. Станува збор за синонимот на глобалниот тероризам -Лавдрим Мухаџери, кој гордо се фотографираше како сече глави и убива луѓе, посочи Рамадани.
Тој ја поздрави одлуката на Исламската верска заедница на Косово, за смена на претседателот на исламската верска заедница во Качаник, Флорим Незирај, заради неговото „погрешно однесување по веста за смртта на Мухаџери“. Имено, Незирај дозволил од џамија да се соопшти веста за смртта на Муџахери, како што е обичај за муслиманите, и потоа отишол на сочувство во куќата на неговото семејство.
Гостувајќи во дебатната емисија „Животот во Косово“ заменик министерот за внатрешни работи, Валдет Хоџа, изјави дека нема информации околу ова прашање, но додаде дека го осудува чинот, доколку министерот, кој е по потекло од Качаник, бил во посета на семејството на Мухаџери.
-Позицијата на Владата на Косово за подршка на антитерористичката коалиција е јасна. Доколку се случило тоа тогаш тоа е сигнал во спротивност со официјалниот став на Владата ,изјави Хоџа во дебатната емисија посветена на верскиот радикализам.
Министерот Жарку не беше подготвен да одговори на ова прашање.
Ново на Сител
-

Авионско прскање против комарци утре во Скопје
-

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето
-

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
-

Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
-

Шестмина вработени во фабрика во ТИРЗ-Штип се затруеле од храна
-

Бомба фрлена кон ресторан во тетовско - двајца повредени
