Косовската Влада загрижена поради враќањето на борци на ИД
Косовската Влада стравува од Косовците, кои се враќаат од воените подрачја на Блискиот Исток и на нив гледа како на можни извршители на терористички напади.
- И покрај фактот што терористичките групи ја губат контролата и територијата во конфликтните зони, идеолошки и натаму имаат поддршка во други држави, вклучувајќи го и регионот, се наведува во антитерористичката стратегијата на косовската Влада за периодот 2018-2022 година, чии делови пренесува „Коха“.
Натаму во стратегијата се вели дека Косово се соочува со закана од луѓе кои се вратиле од конфликтните зони и од оние кои биле вклучени во терористички активности.
- Како што видовме во многу случаи низ цела Европа, радикализираните поединци можат да извршат екстремно насилство врз нациите и институциите во своите земји, така што не можеме да ја отфрлиме можноста од терористички напад и во Косово, стои во стратегијата на косовската Влада.
Ново на Сител
-
Апасиев: Очекуваме двоцифрен број на пратеници
-
Таравари: Ни треба нов Устав на две заедници
-
Ахмети: Уште поголема победа
-
Ковачевски: Масовна излезност на 8 мај
-
Мицкоски: СДСМ спрема црни сценарија
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата