Косовската полиција уапси 15 Срби во Брезовица
Специјалните сили на косовската полиција уапсија денеска 15 Срби, вработени во националниот парк Шара во Брезовица, соопшти директорот на српската Канцеларија за Косово и Метохија Марко Џуриќ и објави, дека ќе побара итна вонредна седница на српската влада по тоа прашање, пренесува Танјуг.
Денеска пред пладне вооружена косовска полиција ги уапси сите српски работници во Шара, кои беа таму, вклучително и директорот, изјави Џуриќ на прес-конференција во Брисел.
Групата е пренесена во притвор во градот Урошевац.
Според Џуриќ акцијата е поврзана со планот на Косово да стане член на УНЕСКО и станува збор за обид да се принуди Србија да го признае Косово.
Џуриќ бара вонредна седница на српската влада, на која таа ќе се произнесе јасно како за апсењето на Србите во Брезовица, така и за обидите на Косово да стане член на УНЕСКО.
Ново на Сител
-
Утре нова размена на речиси 500 воени заробеници меѓу Русија и Украина
-
Изгоре автомобил во струмичкото село Банско
-
Ангелов очекува по локалните избори да профункционира институцијата која ќе ги обедини ЦУК и ДЗС
-
На Табановце се чека до половина час, а на Дојран и Богородица до 15 минути
-
До 10 илјади евра казна за непочитување на обврската за објавување на цените на веб страниците
-
Најмалку 17 лица загинаа по израелски напад во Газа
-
РТС поднесе крвична пријава поради блокада на нивни објекти
-
Во американските воздушни напади на пристаништето во Јемен загинале 74 лица