СЗО ги отфрли обвинувањата дека стратегијата за следење контакти е неефикасна
СЗО повеќе пати ги советуваше земјите дека запирањето на епидемијата на Ковид-19 бара силна стратегија за следење контакти, интензивен процес за пронаоѓање луѓе кои биле во контакт со заразените и нивна изолација.
Во последните месеци, земји со голем број заразени лица, вклучително и Велика Британија и Соединетите Американски Држави, посочија дека има премногу контакти за да се најде ефикасен систем што може да се воспостави.
Британија се обврза да воспостави систем за следење контакти на почетокот од овој месец, но на крајот се откажа од дигиталната апликација што ја разви за таа цел, а политичарите признаа дека програмата сè уште не работи целосно и покрај тоа што се ангажирани илјадници работници.
Во последните неколку недели, британските здравствени власти соопштија дека нивните трагачи за контакти не успеале да дојдат до четвртина од луѓето заразени со вирусот, оставајќи така илјадници заразени да ја пренесат инфекцијата.
На прес-конференција, Гебрејесус го наведе директорот за вонредни состојби, д-р Мајкл Рајан, како пример на некој кој е подготвен да започне со долга потрага по контакти, посочувајќи го ангажманот на Рајан за време на епидемијата на ебола во дел од Конго каде вооружени групи напаѓале и убивале здравствени работници.
– Тој веруваше дека треба да стори сé за да ја запре еболата и покажа дека спасувањето животи навистина го бара тоа ниво на посветеност, рече Гебрејесус.
Тој истакна дека тврдењата на некои земји дека има премногу контакти за пребарување и дека самиот процес е претежок, не се прифатливи.
Гебрејесус претходно ги пофали програмите за барање контакти што ги воведоа земји како Јужна Кореја, Сингапур и Кина, во кои беа вклучени тимови здравствени работници кои набљудуваа десетици илјади луѓе и се грижеа оние кои се изложени на вирусот да бидат изолирани.
Тој рече дека денеска се навршуваат шест месеци откако Кина првпат го извести СЗО за невообичаени случаи на пневмонија, првиот знак на коронавирус. Оттогаш, повеќе од 10 милиони луѓе се заразени низ целиот свет, а повеќе од 500.000 починаа.
СЗО наведе дека пандемијата се „забрзува“, посебно во Америка.
– Суровата реалност е дека ова не е ниту приближно до крајот, рече генералниот директор на СЗО, додавајќи дека „најлошото допрва следи“.
Ново на Сител
-
Македонското дерби Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 меѓу Топ 5 во Европа
-
Приведен кумановец затоа што бил затекнат при обид за кражба и во неговиот дом била пронајдена дрога
-
Кривична против поранешен директор на Здравствен дом Куманово, го оштетил буџетот на установата за 21.594.510 денари
-
Нуркачи ќе го чистат охридското езеро
-
Русија ги нападна Одеса и Харков пред најавеното примирје од Путин
-
Приведено лице од дебарско, управувал возило со 2,41 промили алкохол во крвта
-
Грк уапсен на ГП Богородица, поседувал 276 штеки цигари и 20 пакувања тутун без документација
-
Приведен грчки државјанин на ГП Табановце, во неговото возило е пронајдена марихуана