Косовската полиција потврди дека во селото Бањска пронашла повеќе возила, оружје и воена опрема
Косовската полиција денеска потврди дека запленила уште едно оклопно возило, два автомобили и багер во атарот на селото Бањска, во кои пронашла „големо количество“ оружје и воена опрема.
Во акцијата спроведена вчера, полицијата во тоа село, меѓу другото, пронашла автоматски фрлач на гранати калибар 30 мм, тешка снајперска пушка калибар 12,7 мм, минофрлач калибар 82 мм, два митралеза, 22 автоматски пушки, два револвера, рачна граната, 74 рамки за автоматска пушка, девет панцири, уреди за радио комуникација, осум воени униформи и шест воени униформи.
Полицијата соопшти и дека на просторот на манастирот Бањска пронашла повеќе парчиња оружје и панцир.
Во соопштението тие наведуваат дека ситуацијата во Бањска и на северот на Косово во моментов е „мирна, но и тензична“.
Косовската полиција соопшти дека нивните единици се стационирани во близина на граѓаните и дека обезбедуваат „безбедност и овозможуваат и пружаат помош според потребите и барањата“ на жителите.
Претходно, полицијата во Бањска заплени голем број возила, оружје и воена опрема во вредност, според министерот за внатрешни работи Џелал Свечља, околу пет милиони евра.
Во ова соопштение од полицијата велат дека нивните единици се стационирани во близина на граѓани и дека обезбедуваат, овозможуваат и пружаат помош на жителите според нивните потреби и барања.
Косовскиот премиер Албин Курти на социјалната мрежа „Х“ изрази благодарност до жителите на Бањска „за нивната смиреност и доверба“.
-Покрај спроведувањето на антитерористичките операции, косовската полиција им подели повеќе од 100 пакети со храна на мнозинските српски жители на Бањска, истовремено решавајќи ги и другите основни потреби. Им благодарам на нашите граѓани за нивната смиреност, претпазливост и доверба. Полицијата е тука да ви помогне, напиша Курти.
Во судирот меѓу косовската полиција и група вооружени Срби во областа Бањска во неделата, загинаа еден полицаец и најмалку тројца Срби.
Ново на Сител
-
Мицкоски - Орбан: Стратешкото партнерство ќе продолжи да се развива со уште поголема динамика
-
Физички нападнат 51-годишник од две лица по претходна случена сообраќајна несреќа
-
Украдено товарно возило на АРМ пронајдено во Кисела Вода
-
Две лица пукале кон 36-годишник од с.Грчец, се здобил со повреди во ногата од огнено оружје
-
Фондот за здравство работи на формирање тимови за рехабилитација на повредените во Кочани
-
Бугарското Собрание усвои резолуција во врска со напредокот на земјава во ЕУ
-
140 луѓе во тетовската болница не зеле плата 2 месеца
-
Град во источна Германија нуди 14 дена бесплатен престој и можности за работа