Косово пред одлука - дали целосно да ги повлече зголемените царини
Денеска ќе се знае дали Косово целосно ќе ја повлече одлуката за зголемените царини на земјоделските производи.
Владата на Косово треба да одржи редовна седница на која, меѓу другото, ќе бидат разгледани и аргументите од македонска страна за штетите што ги предизвика оваа времена мерка.
Европската комисија вчера изрази жалење што одлуката е укината само за земјите од ЕУ, а уште важи за останатите во регионот, поради што го повика Косово да се однесува конструктивно и да ја реши ситуацијата без одлагање.
- Жалиме што заштитните мерки остануваат на сила за другите земји, вклучувајќи ги и регионалните партнери во ЦЕФТА. Ова е загрижувачки и штетно за регионалната економска соработка. Затоа, ЕК итно го повикува Косово да се однесува конструктивно и да ја реши ситуацијата без одлагање, особено со оглед дека моментно претседава со ЦЕФТА, наведе ЕК во реакцијата.
Македонските власти очекуваат позитивен исход од денешната владина седница на Косово и целосно повлекување на одлуката. Во петокот, минисерот за економија Крешник Бектеши имаше средба со косовскиот колега Бајрам Хасани на која конкретен договор околу одлуката не беше постигнат. Министерот за земјоделство, пак, Љупчо Николовски, учествуваше на состанокот на ресорните министри во регионот што се одржа претходно во Белград, од каде повика Косово веднаш и во целост да ја повлече одлуката.
Станува збор за времена мерка што стапи во сила на 18 јули годинава со најава дека ќе трае три месеци и ќе важи за сите земји извознички на овошје и зеленчук во Косово. Со мерката царините за овие производи се зголемија 30 отсто. Одлуката предизвика реакции кај трговците и производителите од двете земји, како и кај земјите од регионот.
Извозот од македонска страна од 18 јули е речиси стопиран, а штетите поради нереализираниот пласман и падот на цените на домашното производство се бројат во милиони евра. Државата до денеска не воведе контра-мерки, а ваквиот чекор наиде на одобрување и од стопанството, како и од земјоделците. Некои од земјоделците излегоа со конкретен предлог - Македонија да ги блокира границите за увоз во мај и јуни кога продукцијата на градинарските производи е најголема и на тој начин да го заштити домашното производство. Од Националната федерација на фармери, пак, оценија дека ваквата ситуација со Косово уште еднаш потврди дека пласманот е се уште една од најслабите карики на македонското земјоделство.
Ново на Сител
-
Заврши состанокот на големите сили
-
Граѓаните ќе добијат поголема моќ - Референдумско отповикување на градоналачници ќе има со измените на законот за локална
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-
Зеленски - Нема да ги признаеме руско-американски преговори во Ријад, вонреден самит во Париз за Украина
-
Анкета: Само 20% од граѓаните поддржуваат уставни измени, ЕУ има желба да помогне за интеграција на Македонија
-
ЗНАМ е против промена на грбот
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, утре на владина седница
-
СДСМ поднесе предлог закон за поевтина храна и струја