Косово: Петмина загинати во три сообраќајки во едно деноноќие

Три сообраќајни несреќи со смртни последици, со петмина загинати и седуммина повредени, се случија на косовските патишта од петокот ноќта до саботата на пладне.
Како што соопшти косовската полиција, ноќта меѓу петокот и саботата, околу 23 часот, во судар на два автомобили на патот Гњилане – Урошевац, загинаа две лица, а две други беа потешко повредени.
Други две лица загинаа, а три се повредени во сударот што наредното утро во 9.30 часот се случи на автопатот „Ибрахим Ругова“, во близина на градот Сува Река. Учесници во оваа сообраќајка беа патничко комбе со албански регистарски таблички и камион.
Во судар на две возила на регионалниот пат Липљан – Штимље, што се случи во саботата во 11:50 минути, загина едно лице, додека други две беа повредени.
Во првите осум месеци од годинава, од 1 јануари до 31 август, во 59 сообраќајни несреќи со смртни последици во Косово, животот го загубиле 69 лица, информира полицијата.
Во текот на цела 2018 година во Косово се случиле 100 сообраќајки со смртни последици, во кои животот го загубиле 129 лица.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
