Косово од Германија доби пет воени камиони вредни 2,7 милиони евра
Безбедносните сили на Косово (БСК) денеска добија донација од Германија од пет воени камиони од компанијата „Рајнметал“ во вредност од 2,7 милиони евра, а најавено е дека ќе бидат купени уште десет такви возила за БСК.
Министерот за одбрана, Ејуп Маќедонци на приемот во касарната „Адем Јашари“ рече дека денеска е посебен ден за БСК бидејќи добиле донација од Германија која ќе влијае на зголемување на логистичките и оперативните капацитети.
Тој рече дека на патот кон растот и развојот на армијата, Германија како стратешки партнер одигра исклучителна улога и дека Приштина и е благодарна.
Според него, донацијата на воени камиони во износ од 2,7 милиони евра е продолжение на донацијата од 3,5 милиони евра што беше врачена минатата година.
„Одличната соработка ќе продолжи со цел да ги подигнеме нашите одбранбени капацитети на ниво на стандардите на НАТО, со цел да придонесеме за мирот и безбедноста во земјата, регионот и пошироко“, рече тој.
Германскиот амбасадор во Косово, Јорн Роде изјави дека донацијата од пет камиони од Германија ќе и помогне на БСК во областа на логистиката.
Според него, денешната донација ги потврдува одличните односи меѓу Германија и Косово.
Ново на Сител
-
Меѓувладина седница во Будимпешта – Македонија и Унгарија на иста страна за мир во Украина
-
По тензиите во Белата куќа и Лондонскиот самит, клучна недела за Европа и Украина
-
Ахмети: Ако го допрат Законот за јазици нема да има локални избори
-
ССМ: Или повисок минималец или генерален штрајк
-
Вработени во Филхармонија на нов протест поради незаконското избирање на нов директор
-
За електронски индекси студентите ќе си почекаат
-
Мерки на претпазливост за пијаниот возач кој завчера удрил девојка на пешачки – Во февруари казнети 23.844 возачи
-
Што ќе содржи обвинителната одлука за скандалот на Онкологија?