Балкан
30. December 2016 - 15:15

Косово: Министерката за локална самоуправа поднесе оставка

Министерката за локална самоуправа, која на оваа функција ја именуваше косовскиот премиер Иса Мустафа минатата недела, поднесе оставка.

„Писмената оставка таа ја достави до секретрот на  Владата. Истата ќе биде доставена до кабинетот на премиерот  и тој треба и официјално ќе ја соопшти неговата одлука  околу оставката, потврдиле од владата за весникот  „Експрес“.

Веста за повлекувањето на министерката Јевтиќ ја потврдил  и претседателот на „Листа српска“ Славко Симиќ.

- Мирјана Јевтиќ го информираше премиерот Мустафа дека  поднесува неотповиклива оставка од функцијата министер за  администрација на локалната власт, а за нејзината оставка  ја запозна и „Листа српска“, изјави Симиќ.

Разрешување на Јевтиќ и враќање на министерското место на Љубомир Мариќ побара Владата на Србија, по средбата одржана во  Белград со претставници на „Листа српска“ .

Косовскиот премиер Иса Мустафа го разреши од функција  министерот Љубомир Мариќ, еден ден по посетата на  директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија при  српската Влада, Марко Ѓуриќ на Косово.

„Листа српска“ ја бојкотира работата на косовскиот  парламент, Владата и сите косовски институции по  донесувањето на законот за Трепча и за стратешки  инвестиции. На последната седница на парламентот се вратија  дел од српските пратеници, но по разговорите во Белград  го продолжуваат бојкотот.