Балкан
11. February 2022 - 13:34

Косово ќе добие над 130 милиони евра од ИПА-фондовите на ЕУ

 Првиот потпретседател на косовската Влада, Бесник Бислими објави денеска дека, со прифаќањето од страна на Владата на иницијативата за финансиски договори за ИПА 2021, ИПА 2022 и ИПА III, Косово ќе добие околу 134 милиони евра од фондовите на Европската унија, јави дописникот на МИА од Приштина.

– ИПА III ќе служи како рамковен договор за Косово да добие од фондовите на ЕУ понудени во рамки на Инструментот за пред-зачленување за годишните програми ИПА 2021-2027. Конкретно, Косово ќе добие 63,96 милиони евра за ИПА 2021 и 70,25 милиони евра за ИПА 2022, напиша вицепремиерот Бислими на неговата страница на Фејсбук.

Средствата, според Бислими, ќе се употребат за реализација на проектот за деминирање, поддршка на општините, инструментот за зближување со ЕУ, поддршка на заштитата на животната средина, на земјоделството и руралнит равој, за враќање и интеграција на заедниците, сеопфатен социо-економски развој и друго.