-->
-->
Косово: Извидничка патрола на Еулекс нападната со шок-бомба
-->
Извидничка патрола на ЕУЛЕКС била нападната со шок-бомба кај Рудар на северот на Косово, а во нападот нема повредени и нема материјална штета, соопштија од таа мисија и ги повикаа одговорните да се воздржат од провокативни дејствија, а косовските институции да ги изведат сторителите пред лицето на правдата, јави Бета.
„Силно ги осудуваме насилните акти извршени од вооружени лица на северот на Косово, вклучително и против меѓународната заедница“, соопшти Мисијата на ЕУЛЕКС во врска со нападот што се случил синоќа.
Како што се наведува во соопштението, ЕУЛЕКС ќе продолжи да работи со одлучност за да ја поддржи стабилноста на Косово, во рамките на својот мандат, и да придонесе за безбедноста на населението од сите заедници.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Барањето за 450 евра минималец на првата седница на економско-социјалниот совет
-
Приватните превозници ќе возат до 11 часот, додека ЈСП им префрли пари за гориво
-
Преглед на вестите од светот
-
Приватните превозници ги паркираа автобусите
-
Мицкоски во посета на Гевгелија
-
Сиљановска во посета на ГШ на Армијата
-
Управниот суд ја одби тужбата на Јолевски
-
Дурмиши: Ќе работат за добра бизнис клима