Кошта: Членките на ЕУ и НАТО се подготвени да ги зголемат трошоците за одбрана на над два отсто од БДП
Дваесет и три членки на ЕУ, кои исто така припаѓаат на НАТО, најверојатно ќе се согласат да ги зголемат трошоците за одбрана над сегашната цел од два отсто од БДП на самитот на алијансата во јуни, што ќе постави ново ниво на трошоци, рече претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта.
Кошта вчера изјави за португалскиот јавен радиодифузен сервис РТП дека закажал неформален состанок на лидерите на ЕУ за понеделник на кој ќе разговараат за инвестициите во одбраната и безбедноста.
На состанокот ќе присуствуваат генералниот секретар на НАТО, Марк Руте и британскиот премиер, Кир Стармер, рече Кошта.
Кошта истакна дека комбинираните трошоци за одбрана на 23-те земји на ЕУ, кои се исто така членки на НАТО, веќе ја исполнуваат целта од два отсто, откако ги зголемија тие распределби за 30 отсто, откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во февруари 2022 година.
Тој рече дека на самитот на НАТО во јуни ќе се одлучи дали трошоците ќе се зголемат на три или пет проценти од БДП.
Американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз сојузниците во НАТО да ги зголемат трошоците за одбрана на пет отсто од БДП.
Ново на Сител
-
Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага
-
Затворски полицаец фатен со марихуана и кокаин пред преземање на ноќна смена
-
ЦУК: Активни три пожари, еден под контрола и еден изгаснат
-
FLEX CREDIT го зацврстува лидерството со рекордни резултати и 65 филијали низ Македонија
-
Мицкоски: Правиме гигантски чекори во економијата-раст на БДП меѓу 4 и 6 отсто во вториот квартал и историско зголемување на индустриското производство
-
Лишен од слобода битолчанец кај кого била пронајдена марихуана
-
Ѓорѓиевски: 2025 е најуспешната година за капитални инвестиции во историјата на Кисела Вода
-
Во кривопаланечкиот здравствен дом вработени нови 20 лица, од нив 7 лекари и 6 медицински сестри