-->
-->
Кошмарен лет: Токму кога почнале да го служат ручекот, авионот се затресол и настанал хаос, 8 патници завршија во болница
-->
Авион на аргентинска авиокомпанија преживеа гадни турбуленции на летот од Мајами кон Буенос Аирес.
Леталото почнало да се тресе токму во моментот кога персоналот почнал да го служи ручекот, па чиниите и храната летале на сите страни.
Фотографиите го прикажуваат хаосот кој настанал во авионот. Многу работи биле расфрлани по подот, а излегле и маските за кислород.
На летот биле 192 патници, а по незгодниот лет, 8 се хоспитализирани поради полесни повреди.
До турбуленции доаѓа кога ќе се судрат воздушни маси со различна температура или брзина. Поради тоа возењето со авион може да биде нелагодно, но безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена, наведуваат од компанијата.
Kurir.rs
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Нов електронски систем за дозволи за оружје
-
СДСМ: Тошковски отпушта чесни полицајци
-
Продолжува судењето за двојното убиство
-
Во наредните месеци нов закон за Судски совет
-
Состанок на високо ниво за новата рамка за одржлив развој меѓу ОН и Македонија
-
Мемеди: Намалена смртноста на детската клиника
-
Локалната најавува капитални проекти
-
Протести во Ореовец