-->
-->
Кошаркарскиот Супер куп за МЗТ Скопје
-->
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром ја одбранија титулата во Супер купот, во големото финале носителот на двете титули славеше минимална, но заслужена победа во драматичниот финиш над тимот на Карпош Соколи од 87-84 (23-16, 25-14, 25-23, 15-29).
Во неизвесниот и израмнет финиш најкорисниот кошаркар на Супер купот 2016, бекот на МЗТ Скопје Тори Томас со тројка на 6 секунди пред крајот недозволи комплетен резулататски пресврт во финалето.
Кога сите очекувавме уште една лесна победа на МЗТ во Супер купот , извонредниот Кадрик Пери го буди составот на Карпош Соколи. Со серија од 25-5 од 18 до 27 минута, кошаркарите од населбата Карпош го неутрализираат убедливото водство на противникот и го носат мечот во неизвесен и израмнет финиш.
Во последните 60 секунди МЗТ Скопје влезе со предност од 82-80.Ефикасниот и расположен бек на Соколи, Пери со положување израмнува на 82-82. Но, во следниот напад плејот на металците Кори Томас погодува тројка за водство од 85-82. По тајм аутот кошаркарите на МЗТ прават тактичка лична грешка. Пери од линијата за слободни намалува на 85-84. По што Карпош прави лична над Темс, Американецот во редовите на МЗТ е прецизен од линијата за слободни фрлање и ги поставува конечните МЗТ Скопје Аеродром - Карпош Соколи 87-84.
Металците заслужено го освојуваат вториот пехар од Супер купот. Најефикасен во победничкиот тим е Тори Томас со 19 поени, кај гостите и воопшто на мечот прв стрелец е извонредниот Кедрик Пери со 29 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Аутдор фестивал „When in Krusevo“ по 8-ми пат
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Дарко Аврамовски
-
Пентагон: Билатералните односи да останат надвор од НАТО
-
Се китат со туѓи перја - Српскиот министер за култура го присвои родното место на Јустинијан Први
-
Пратениците од крилото на Села остануваат со Европскиот фронт
-
ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања до Венко Филипче
-
Задругите се иднината на Македонското земјоделие, но се уште се на незавидно ниво