-->
-->
Кошаркарите со 10 пријателски натпревари ќе ја подигнуваат формата за ЕП
-->
Најдобрата македонска кошаркарска репрезентација на 25 јули ќе ги почне подготовките за претстојното Европско првенство во септември.
Македонскиот селектор Александар Џикиќ пред извесно време го објави поширокиот список играчи на кои ќе смета за Евробаскетот, а меѓу кои доминираат играчите кои лани успешно ги минаа квалификациите. Местото за натурализиран кошаркар е загарантирано за Ричард Хендрикс, а од поискусните најавено е враќањето на Владо Илиевски.
Промена во однос на минатата година најверојатно ќе има во стручниот штаб, каде што поради приватни причини се очекува да го нема Емил Рајковиќ, па улогата на прв помошник ќе ја има асистентот од МЗТ Скопје, Александар Јончевски. Со српскиот стратег ќе работи и неговиот сонародник, Срѓан Флајс.
На турнирот во Охрид од 7 до 9 август Македонија ќе одигра натпревари со Украина и Израел селекција со која ден подоцна ќе игра и во Скопје. Гевгелија ќе биде домаќин на натпреварот со Венецуела, по што следуваат неколку гостувања, во Каунас и средби со Литванија, Хрватска и Турција, па два дуели со Шпанија.
На крајот, по гостувањето во Рига кај Летонија, нашите кошаркари заминуваат за Загреб каде на 5 септември со дуелот против Грција ќе го започнат петтиот настап на завршницата на континенталното првенство, на кое за противници ќе ги има и селекциите на: домаќинот Хрватска, Словенија, Холандија и Грузија.
РАСПОРЕД НА ПОДГОТВИТЕЛНИТЕ НАТПРЕВАР
Турнир во Охрид (7-9 август)
Македонија – Украина
Македонија – Израел
Пријателска во Скопје (10 август)
Македонија – Израел
Пријателска во Гевгелија (14 август)
Македонија - Венецуела
Турнир во Литванија (17-19 август)
Македонија – Хрватска (Каунас)
Македонија – Литванија
Македонија – Турција
Пријателски двомеч (22 и 25 август)
Македонија – Шпанија (Мадрид)
Македонија – Шпанија (Логроњо)
Пријателски двомеч (29 и 30 август)
Македонија – Летонија (Рига)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда
-
Скопскиот Кривичен суд ќе го води судскиот процес за пожарот во кочански „Пулс “
-
Радев со писмо до Брисел ги брани своите позиции, за Мицкоски апсурдно е креирање на нација во 21 век
-
Историска одлука на НАТО: Земјите членки ќе издвојуваат по 5% од БДП за одбраната
-
Алиу со дигитализација во министерскиот кабинет – секој петок 15 минутен онлајн разговор со граѓани
-
Банките доброволно да ги намалат провизиите или државата ќе ги регулира надоместоците