Кошарка
14. September 2016 - 21:54

Кошаркарите надиграни од Велика Британија

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во Кавадарци го претрпе и третиот пораз во групата од квалификациите за Евробаскетот 2017. Македонија загуби од Велика Британија со 89:62. По четвртини: 21:14; 23:16; 23:23 и 22:9.
Противникот во текот на целиот натпревар беше подобрата екипа и сосема заслужено стигна до победата. Во македонската репрезентација најефикасни беа Кирил Николовски со 17 и Војдан Стојановски со 15 поени, додека Даниел Кларк од Велика Британија со 21 поен беше најефикасниот на дуелот.
На вториот натпревар од групата Г Унгарија го победи Луксембург на гости со 68:65. Со оваа победа Унгарија го освои првото место во групата и обезбеди пласман на Европското првенство.
Табела: Унгарија 10 бодови, Велика Британија 8, Македонија 7, Луксембург 5.
Во последното коло во сабота Македонија игра против Унгарија во Шолнок.