-->
-->
Кошаркарите на Македонија по победа над Естонија
-->

Македонската кошаркарска репрезентација вечерва со почеток во 20:30 часот го игра вториот натпревар од групата Д. Противник на нашите кошаркари е селекцијата на Естонија. По стартниот пораз од Косово во средата само победа е опција за Македонија.
- Ова е клучен натпревар за нас, особено по поразот од Косово. Мислам дека ќе мора со многу повеќе енергија да го одиграме овој натпревар и да стигнеме до победа. Голема помош очекувам од навивачите и се надевам дека салата ќе биде полна и ќе ја имаме потребната поддршка од нашиот „шести играч“ и да ја забележиме првата победа во групата, истакна капитенот Војдан Стојановски.
Вчерашниот утриински тренинг го прескокна Американецот Џордан Теодор поради стомачни проблеми, но селекторот Јорданчо Давитков истакна дека тој сигурно ќе биде во составот. Теодор со 22 поена беше најефикасниот наш играч на дуелот со Косово.
- Одигравме тежок натпревар со Косово, а Естонија е добар тим. Работевме напорно и мислам ќе бидеме подготвени за игра. Очекувам помош и од навивачите. Дел од нив за време на „Трофеј Македонија“ беа на одмор, но сега очекувам да ни помогнат да победиме, изјави Теодор.
Натпреварот Македонија – Естонија се игра во ВИП Арена во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток во 20:30 часот.
Покрај овој натпревар од претквалификациите од второто коло играат уште:
Бугарија – Белорусија,
Ерменија – Шведска,
Австрија – Холандија и
Босна и Херцеговина – Словачка.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ЈП Македонија пат: Сите патни правци во државата се проодни
-

Протестите во САД продолжуваат по смртоносното пукање врз жена во Минеаполис
-

Иран ги обвинува САД во ОН за насилните протести во Исламската Република
-

Трамп: Мора да го поседуваме Гренланд за да ги спречиме Русија и Кина да го земат
-

Гласаат болните и затворениците, пред утрешните повторени избори за градоначалник во четири општини
-

Претпладне повремени врнежи од дожд, попладне од снег
-

ДЗС: Безбедно отстранета ретка неексплодирана минофрлачка граната од 70 mm од Првата светска војна
-

Сообраќајот низ државните патишта се одвива во зимски услови, сите патни правци се проодни
