Косачев: Пристапувањето на Македонија во НАТО никому нема да донесе добро
Претседавачот на Комитетот за меѓународни односи при Советот на Руската Федерација, Константин Косачев, оцени дека тоа што Македонија го потпиша пристапниот протокол за НАТО претставува можеби симболичен чин, но е важен за Алијансата, имајќи го предвид реастечкиот судир помеѓу Алијансата и Москва.
-Ова е повеќе симболичен отколку практичен чекор, бидејќи станува збор за мала земја која нема никаква важност за НАТО. Но, ова, сепак, е важно за Алијансата имајќи го предвид судирот со Русија, која постојано укажува на деструктивната улога на НАТО како остаток од Студената војна.
Според него, целиот случај околу Македонија покажува дека е оправдано руското незадоволство во врска со Алијансата. Укажува и дека критиката на американскиот претседател Доналд Трамп на сметка на НАТО овде одиграла клучна улога.
-Тоа несомнено ги алармирало официјалните лица на Алијансата во Брисел кои сега чинат се’ да му покажат на Вашингтон дека НАТО стои добро и дека се шири, вели Косачев.
Рускиот сенатор верува дека пристапувањето во НАТО нема да и донесе добро ниту на Македонија, ниту на европската безбедност.
-Сегашната генерација европски политичари, сепак, не е во состојба да го увиди тоа и постојано се обидува со рецепти од 20-от век да реши проблеми од 21-от век, заклучува Косачев.
Ново на Сител
-
Почнува судењето на францускиот хирург обвинет за силување на стотици деца под анестезија
-
Четврти ден се трага по Миле Тодоров од Неготино
-
Намален бројот на работници во индустријата
-
Историски максимум на цената на кафето арабика на берзите
-
МОН: Јаневска на самит во Будимпешта, ќе се продлабочува соработката помеѓу Западен Балкан и Унгарија
-
Георгиев: Годинава нема заедничко чествување на Гоце Делчев
-
Околу 600 вработени во централата на УСАИД во Вашингтон добија забрана за влез во Агенцијата откако Маск најави нејзино затворање
-
Во средните училишта се спроведува проект за популаризација на воената професија