Коронавирусот во Мексико ја спречува борбата против наркокартелите
Пандемијата на коронавирусот се заканува да ја запре борбата на Мексико против некои од најопасните наркобанди, затоа што полицајците и службениците се повеќе се разболуваат.
Моќниот картел „Халиско“ и неговите ривали ги користат ослабените безбедносни сили за да ја интензивираат борбата за контрола врз трговијата со дрога во Мексико, тврдат безбедносни службеници и аналитичари.
Од друга страна, армијата помага во борбата против коронавирусот, а касарните се претворени во клиники за лекување на Ковид-19.
Исто така, полицајците кои се со прекумерна тежина или имаат некои претходни заболувања се отстранети од улиците во одредени области затоа што се смета дека се изложени на голем ризик од заразување со коронавирусот, информираат мексиканските власти.
Според властите на мексиканската држава Гереро, каде што се активни околу 40 вооружени групи, меѓу кои е и „Халсико њу џенерејшн картел“, полициските сили се ослабени од пандемијата на коронавирусот во своите редови.
Во оваа земја се регистрирани вкупно 159.793 случаи на коронавирус, покажуваат податоци на Ворлдметерс.
Ново на Сител
-
Деновиве релативно топло, во среда повремен дожд
-
Во МНР одбележан Меѓународниот ден на сеќавање на жртвите на Холокаустот
-
РФМ: Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина
-
На возилото од Министерството за политички систем му недостигале делови, а дел биле заменети
-
Поевтинуваат горивата
-
65-годишник украл скутер во Тетово
-
Во сообраќајка на патот кон Средно Водно повредено шестмесечно бебе
-
Муцунски разговараше со израелскиот амбасадор