Коронавирусот брзо се шири во Словенија
Словенечките здравствени власти објавија дека само од синоќа до сега се потврдени 44 нови случаеви на коронавирус.
Како што јави дописникот на МИА од Љубљана, со овие новoзаразени вкупната бројка на инфицирани се зголеми на 141. Најголем пораст на заболени има во Љубљана и околината.
Според последните информации, четворица пациенти се во критична здравствена состојба.
Докторите уште еднаш апелираа сите они кои имаат симптоми на коронавирус да не доаѓаат сами во болниците, односно да се јават на телефонски број специјално отворен за таа цел. Според епидемиолозите, граѓаните едноставно мораат да ги слушаат препораките и да ги избегнуваат сите можни контакти и на тој начин да си го заштитет своето и здравјето на своите најблиски.
Во Словенија од вчера е прогласена епидемија и се откажани сите јавни, културни, спортски и образовни настани.
Ново на Сител
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик