Корона кризата ќе го ограничи работното време на сите економски субјекти до 22 часот!?
Денеска членовите на Комисијата за заразни болести се на работен состанок со премиерот на Владата Зоран Заев. Ќе ги достават и предлог мерките усвоени на состанокот во петокот кои пак ќе треба да поминат на владина седница. Според информации на Сител, има измена во една од препораките, а тоа е работното време на сите економски субјекти да биде до 22 часот и за тоа биле поголем број од членовите на Комисијата. Но дали ќе биде прифатено од Владата или ќе остане до 23 часот како што беше првичната препорака ќе се знае по завршување на состанокот. Останатите две мерки се забрана за организирање на било какви настани како и преполовување на капацитетите на патници во јавниот превоз. Овие мерки следуваат по влошување на состојбата со Ковид 19 во државата. Само викендот во државата се дијагностицирани повеќе од 1100 заразени со корона и 13 починати.
Останатиот пакет мерки пак, предложен уште пред 10 дена ќе чека законски измени во собрание а потоа и подзаконски акти во Владата.
Сања Димитровска
Ново на Сител
-
Баро: Путин е пречка за мирот, потребни се нови санкции против Русија
-
Баерн подготвува емотивно збогување со ветеранот Милер
-
Путин и Трамп разменија честитки по повод 80-годишнината од победата над нацистичка Германија
-
Во Москва средба Вучиќ - Си Џинпинг
-
Бискупот Стојанов упати честитки до папата Лав Четиринаесетти
-
Потребна е итна санација на патот во Галичник
-
Затворени пет бензински пумпи во Солун и во Атина поради измами со гориво
-
В недела посебен режим на сообраќај во Скопје