Корневме лајсни за да најдеме излез на покривот
Жителите на Ченто, Стајковци, Арачиново на секој начин се обидувале да спасат жива глава од водената стихија која направи пустош од нивниот крај
Ова е само една од многубројните приказни кои го отсликуваат ужасот низ кој минале жителите на Ченто, Стајковци, Арачиново, најкритично погодените места од незапаметеното невреме кое го зафати скопскиот регион и одзеде над дваесет животи.
-Со треперлив глас, удирајќи се силно по челото, ни зборува Славчо Николовски. Живее во Булачани, но дошол во Ченто да го поправи автомобилот, кој сега претрпел уште поголема штета. „Каков автомобил, воопшто не ми е грижа за него. Спасивме жива глава. Си ги слушавме чукањата на срцата. Тешко е некому да му ја објасните ситуацијата кога животот ви виси на конец. Имавме среќа, најдовме засолниште во сервисот кој се преполни со вода, вели Николовски за УТРИНСКИ.
Не жали што дошол во Ченто „со својот расипан автомобил да си ја бара бељата“, откако, како што вели, никој сериозно не го најавил невремето. Бидејќи пред да се засолни, заедно со своите пријатели му помогнал на едно девојче кое можело да биде однесено од водата.
„Тоа никогаш нема да го заборавам. Девојчето плачеше. Успеавме да го тргнеме на безбедно“, додава Николовски.
Целиот текст прочитајте го на УТРИНСКИ.
Ново на Сител
-
Поради штрајкот на француските контролори на летање откажани повеќе од 1.500 летови
-
ФК Силекс со бесплатен превоз и карти за натпреварот со ФК Дечиќ
-
СПM: Се заострува негаторската политика кон македонскиот идентитет и јазик
-
Путин и Трамп разговараа за Украина и историските врски меѓу Русија и САД
-
Уапсен мотоциклистот кој избега откако усмрти скопјанец на кеј
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер