„Кориере дела Сера“: Над 15 отсто од територијата на Албанија под марихуана
Површините со дрога на територијата на Албанија се зголемуваат и во просек годишно производството на марихуна надминува илјада тони, кои се шверцуваат преку регионот на Пуља, тврди италијанскиот весник „Кориера дела Сера“, повикувајќи се на извештајот на италијанската Финансиска полиција.
- Во 2013 година на територијата на Албанија се регистрирани 305 подрачја каде се одгледува марихуана. Следната 2014 година имало 815 области со 165.000 садници, а минатата година - 1.200 со над 240.000 садници марихуана, наведува весникот.
Со други зборови, според „Кориере дела Сера“, тоа значи дека лани 15,83 отсто од територијата на Албанија била засадена со марихуана, наспроти 12,5 проценти во 2013 година.
Весникот наведува дека приходите од криминалниот бизнис со недозволена трговија со дрога достигнуваат неколку милијарди евра годишно.
- По „расчистувањето“ на Лазарат, село кое беше познато како фабрика за марихуана, сега површините на кои се одгледува марихуана главно се префрлени во околината на Скадар, каде се уште има територии во кои полицијата тешко стапнува, тврди весникот.
Ново на Сител
-
Милановиќ: Македонија не смее да биде жртва на уцени за членство во ЕУ
-
Мицкоски: Не смееме да заборавиме – криминалците се шетаа слободно, денеска законот важи за сите
-
„Најголема енергетска инвестиција во последните 10 години“ - Почнува изградбата на интерконекторот со Грција
-
Таравари со една нога надвор од Владата
-
СДСМ обвинува за корупциски скандал во Куманово, ЗНАМ демантира
-
Намалување на апетитот за проширување на ЕУ
-
Дали со лажни потврди за примени вакцини во Бугарија родители сакаат да ги запишаат децата во училиште?
-
500 ученици во хуманитарна трка