-->
-->
Копија од избирачки список пронајдена во автомобил на струмичанец
-->
Вчера при вршење на контрола на патниот сообраќај на крстосницата од улиците „Ленинова“ и „24 Октомври“ во Струмица, околу 14.30 часот од страна на полициски службеници било сопрено патничко моторно возило „Фиат“ управувано од Б.Г. (52) од Струмица, а во кое како сопатници биле и лицата Е.Ф. (44), А.А. (32), А.А. (55) и К.А. (37), сите од Струмица.
При првичниот преглед на возилото, во багажниот простор била пронајдена копија од избирачки список, како и тетратка со име и презиме и матични броеви на лица од ромска националност и броеви на избирачки места каде истите треба да го остварат своето право на глас.
Поради постоење основи на сомнение дека истите се сторители на кривичните дела „злоупотреба на лични податоци“, „повреда на слободата на определување на избирачите“ и „поткуп при избори и гласање“ било известено Основното јавно обвинителство во Струмица.
Од Судија на претходна постапка била добиена наредба за личен претрес на наведените лица, за претрес на возилото и за одземање на мобилните телефони.
Постапено е по истите Наредби и согласно обезбедените докази ќе биде поднесен соодветен поднесок до Основното јавно обвинителство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра