Коперникус: Август 2025 е третиот најтопол месец досега

Август 2025 година беше третиот најтопол август досега во светот, со просечна температура од 16,60 степени Целзиусови, според службата за климатски промени на ЕУ, Коперникус.
Месецот беше за 0,22 степени поладен од рекордните августи во 2023 и 2024 година, но 1,29 степени над прединдустриските нивоа. 12-месечниот период од септември 2024 до август 2025 година беше за 1,52 степени потопол од просекот од 1850 до 1900 година.
- Југозападна Европа го доживеа својот трет голем топлотен бран во сезоната, придружен со сериозни пожари, изјави Саманта Бургес од Европскиот центар за среднорочни временски прогнози (ECMWF), кој ја води службата на ЕУ.
Со оглед на тоа што океаните остануваат невообичаено топли, овие настани ја нагласуваат и итноста и потребата од прилагодување кон почестите и интензивни климатски екстреми, додаде таа.
Особено силен топлотен бран го погоди поголемиот дел од Иберискиот Полуостров и југозападна Франција од 8 до 18 август, додека северна и североисточна Европа останаа под долгорочните просеци.
Севкупно, летото 2025 година беше четвртото најтопло во Европа досега, со температури 0,90 степени над референтниот период од 1991 до 2020 година. Западна и југоисточна Европа, како и Турција, беа најпогодени.
Сушата погоди големи делови од западна и јужна Европа, додека локализирано имаше обилни врнежи од дожд во јужна Франција, Италија и Германија. Надвор од Европа, делови од САД и Канада, исто така, доживеаја сушност, додека источна Азија и Јужна Америка доживеаја повеќе врнежи од дожд.
Коперникус редовно објавува податоци за температурата на површината на Земјата, покривката од морскиот мраз и врнежите. Наодите се базираат на компјутерски генерирани анализи кои вклучуваат милијарди мерења од сателити, бродови, авиони и метеоролошки станици низ целиот свет.
МИА
Ново на Сител
-

Повеќе од 25.000 домаќинства во Берлин четири дена се без струја по нападот врз електричната мрежа
-

На ГП „Блато“ приведен албански државјанин, се запалило и возило во колона
-

Во опожарениот бар во Кран Монтана од 2019 година немало инспекции за противпожарна безбедност
-

Приведен возачот што удри пешак на ГП „Долно Блаце“
-

Приведен 51-годишник од демиркаписко, под дејство на алкохол се заканувал на неговата мајка
-

Во продажен објект пронајдени 1233 парчиња пиротехнички средства, приведен сопственикот на објектот | ФОТО
-

Облачно време со врнежи од дожд и снег
-

ЕК со предупредување до САД: Окупацијата на Гренланд би била крај на НАТО
