Копа дел Реј: Реал со предност од Камп Ноу
Големото шпанско дерби во купот помеѓу Барселона и Реал Мадрид „Ноу Камп“ во првиот полуфинален меч средба во 2019 година заврши 1-1, оставајќи патникот во финалето да биде решен во март, кога двата тима ќе се сретнат двапати за една недела (на 27 февруари во купот и на 3 март во Ла лига, двапати во Мадрид).
Како што се очекуваше, Барселона стартуваше со повредениот Лионел Меси на клупата, а на „запалената“ публика им следуваше студен туш по само шест минути игра, кога Лукас Васкез по една убава акција со Карим Бензема ги донесе „кралевите“ во водство за молк во Каталонија.
По почетната иницијатива на Реал, Барселона полека се врати во игра, и беше блиску до израмнување кога Иван Ракитиќ со глава ја погоди пречката, додека Кејлор Навас имаше убава интервенција на обидот на Луис Суарез.
Спорт
Барса и Реал израмнети во првото „Ел класико“ во 2019 (видео)
Објавено пред
13 часа
Од
![epa07348685 Real Madrid's Vinicius Junior (R) in action against FC Barcelona's Gerard Pique (L) during a Spanish King's Cup semifinal first leg soccer match between FC Barcelona and Real Madrid at the Nou Camp stadium in Barcelona, Catalonia, north eastern Spain, 06 February. EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ](https://topsport.mk/wp-content/uploads/2019/02/h_54963274.jpg)
Барселона и Реал Мадрид одиграа 1:1 на „Ноу Камп“ во првиот полуфинален меч од Копа дел реј и нивната прва средба во 2019 година, оставајќи патникот во финалето да биде решен во март, кога двата тима ќе се сретнат двапати за една недела (на 27 февруари во купот и на 3 март во Ла лига, двапати во Мадрид).
Како што се очекуваше, Барселона стартуваше со повредениот Лионел Меси на клупата, а на „запалената“ публика им следуваше студен туш по само шест минути игра, кога Лукас Васкез по една убава акција со Карим Бензема ги донесе „кралевите“ во водство за молк во Каталонија.
По почетната иницијатива на Реал, Барселона полека се врати во игра, и беше блиску до израмнување кога Иван Ракитиќ со глава ја погоди пречката, додека Кејлор Навас имаше убава интервенција на обидот на Луис Суарез.
Барса тргна уште посилно во второто полувреме, за во 57. минута да израмнат преку Малком, кој налета на една отфлена топка пред да ги помине Варан, Рамос и да ја смести топката во голот. Лионел Меси, сепак, на радост на домашните фанови се појави на теренот во 63. минута на местото на Филипе Кутињо, а Сантијаго Солари одговори со внесување на Герет Бејл на теренот.
Со Меси и Суарез напред, Барселона направи две просечни шанси, но Реал одговори во 81. минута кога Касемиро за малку ќе ја изненадеше одбраната на Каталонците. Тер Штеген топката ја отфрли само до Бензема, кој го пронајде Бејл, но Семедо расчисти.
Ново на Сител
-
Зошто храната е скапа?
-
Над 1.200 лажни дојави за бомби за помалку од три години
-
Тема на денот со Борче Треновски, универзитетски професор по економија
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина