Фудбал
10. јуни 2016 - 10:22

Копа Америка: Мексико и Венецуела се пласираа во четвртфиналето

 Репрезентациите на Мексико и Венецуела пласман во четвртфиналето на „Копа Америка’’ што се одржува во САД, додека изненадувачки Уругвај и теретски ги загуби шансите за пласман понатаму.

 
Ноќеска беа одиграни натпреварите од 2.коло во Ц групата во кои Мексико и ја совлада Јамајма, а Венецуела беше подобра од Уругвај. 
 
На мечот одигран во Филаделфија, селекцијата на венецуела со голот на Хозе Саломон Рондон во 38-минута го победи Уругвај со 1:0.
 
Мексико до триумфот над Јамакка Венецуела со 2:0 стигна со погодоците на Хавиер Хернандез (18-минута) и Орибе Пералта (81).
 
На табелата по две одиграни кола, Мексико и Венецуела имаа максимални 6 бодови, па нивниот меѓѕусебен дуел во последното коло ќе решава која селекција ќе го освои првоѕто место во групата. Уругвај и Јамајка се без освоен бод.
 
Вечерва на програмата се натпреварите од 2.коло во Д групата, во кои ќе се сретнат Чиле – Боливија и Аргентина – Панама.