Координативен состанок на Локалниот совет за превенција во Крива Паланка
На иницијатива на градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, денеска се одржа редовен координативен состанок со претставниците од Локалниот совет за превенција во општина Крива Паланка.
Темата на информативно - координативниот состанок беше, превентивното делување во однос на пожарите кои се јавуваат во летниот период.
Како што рече градоначалникот Мицевски, во превентивниот пристап првично треба да бидат предвидени заеднички мерки и активности.
- Заедничките мерки најпрвин би биле во насока на заштита на белите дробови на општината, а како втор сегмент во кој треба да го насочиме нашето делување е заштита на шумскиот појас и зелените површини од нелегална сеча на огревно дрво. Локалниот совет за превенција пред се треба да соработува и функционира во интерес на граѓаните и во таа насока, како локални авторитети, должни сме да ја оправдаме довербата, партнерски и меѓусекторски да ги координираме активностите во решавањето на актуелните локални проблеми од безбедносен карактер, а во таа насока е и денешниот состанок,рече градоначалниот Мицевски.
На состанокот присуствуваа претставници од Полициска станица од општа надлежност, Крива Паланка, Отсек за превенција, Подрачната единица на Дирекција за заштита и спасување, Подрачна единица на Центар за управување со кризи, Територијална противпожарна единица, гранична и шумска полиција, ОО Црвен крст, Крива Паланка.
Ново на Сител
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност
-
Невреме проследено со силен ветер и крупен град во Дојран
-
Кривичен го одобри во целост обвинителниот акт за случајот „Адитив“
-
При претрес кај 21-годишник пронајдена марихуана, кокаин и пиштол | ФОТО
-
Јаневска: Развиваме нова образовна квалификација - специјалист за мехатроника на камиони и тешки возила
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност