Конзервација на Саат-кулата во Неготино

Со финансиска поддршка на Министерството за култура, во тек е конзервација на Саат-кулата во Неготино - споменик на културата од османлискиот период.
Стручните служби на Националниот конзерваторски центар и Музејот од Неготино прават геомеханички испитувања на теренот на кој се наоѓа кулата која е висока 15 метри.
Како што соопшти Министерството за култура, по извршените испитувања, во рамки на активностите за конзервација и реконструкција на кулата, ќе спроведат и археолошки истражувања во нејзината внатрешност.
Саат-култата во Неготино била подигната во почетокот на 19 век од Хаџи Таир-ага Синан, близу неговиот чифлик. Тој го изградил и безистенот во Неготино кој изгорел во пожар во 1913 година.
- Со конзервацијата на овој значаен споменик на културата, градот Неготино ќе добие уште едно туристичко обележје, со зачувана карактеристична архитектура, информира Министерството за култура
Ново на Сител
-

Златни денови Кратово 2026
-

Саботна средба за Изборниот Законик
-

Тема на денот со Игор Ивановски, професор
-

Златни денови Кратово 2026
-

Два случаи на Западнонилска треска потврдени на инфективната клиника
-

Саботна средба за Изборниот законик
-

Анкета: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедливо водство по две години на власт
-

Кој ќе биде нов секретар за државно владеење
