-->
-->
Контраофанзива на ИД во Рака, убиени 34 војници
-->
Најмалку 34 сириски војници и борци на сојузнички групи загинаа во контраофанзива на џихадистичката група Исламска држава во источниот дел на сириската провинција Рака, соопшти денеска Сирискиот центар за мониторинг на човековите права.
Сирискиот центар наведува дека џихадистите вчера повторно заземале поголем дел од територијата, која ја имале под контрола владините сили.
Сириската војска се обидува во Рака да се пробие до областа Деир Езор, каде џихадистите од 2015 година држат под опсада владини сили и цивили.
- ИД успеа да ги потисне сириските безбедносни сили на 30 километри од западното предградие Мадана, истакна директорот на центарот со седиште во Лондон, Рами Абдел Рахман.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
35 апликации од општините за финансирање проекти од државниот буџет
-
Дел од помладите не знаат за спомен обележјата во градот
-
Расте интересот за младински волонтеризам во Црвениот крст во Струмица
-
Преглед на вестите од светот
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ