Конте е против билатерални туристички договори внатре во ЕУ
Италијанскиот премиер Џузепе Конте изјави дека земјите од ЕУ не смеат меѓусебно да склучуваат де факто туристички договори за време на пандемијата на коронавирусот, објаснувајќи дека таквиот потег може да го уништи единствениот пазар.
-Ние нема да прифатиме билатерални договори во рамките на ЕУ што би можеле да создадат повластени туристички канали. Тоа ќе не остави надвор од ЕУ и никогаш нема да го дозволиме тоа, кажа Конте.
Европските влади работат на плановите за повторно отворање на границите со различна брзина, во зависност од околностите во секоја земја, при што некои земји сакаат да го воспостават бесплатното патување со ограничен број соседни земји, пренесуваат британските медиуми.
Во Италија досега починаа 31.106 лица од пандемијата на коронавирусот, а Конте рече дека сè уште не знае кога ќе биде дозволено патување меѓу италијанските региони.
Ново на Сител
-
СДСМ избира раководство
-
Тема на денот со британскиот амбасадор Метју Лосон
-
Унијата здруженија на медицински сестри реагира на договорот на ФЗО и ЗПЛРМ матични во мали места да работат без сестри
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова Комисија, стари правила
-
Мицкоски: Не отстапуваме од црвените линии
-
Попов: Постои само една Академија на науките и уметностите, тоа е МАНУ
-
Дигитализацијата како лек