Консултација со НВО секторот за управување со јавните финансии 2018–2021

Стратегијата за управување со јавните финансии на ИПА 2 механизмот за граѓански организаци денеска беше претставена пред претставници на граѓанското општество со цел да се зголеми искористеноста на средствата.
Алексанадр Колекески, проектен координатор на ИПА 2 механизмот на граѓанските организации изјави дека се прават консултации со цел да се подобри намената на искористеноста на европските средства.
- Многу е важно да се унапреди самиот процес на управување на јавните финансии, нешто што со години наназад е укажувано од Делегацијата на ЕУ во извештаите за државата, рече Колекески во ЕУ Инфоцентарот.
Извршниот директор на Асоцијацијата за развојни иницијативи „Зенит“ Александар Николов, потенцира дека целта на денешната консултативна средба е да се слушнат мислењата на граѓанскиот сектор за Нацрт-програмата за реформа на управувањето со јавните финансии 2018–2021, изработена од работна група составена од Министерството за финансии. Спроведувањето на програмата ќе биде со поддршка од ЕУ, од околу 20 милиони евра.
Претседателот на Центарот за економски анализи Марјан Николов (ЦЕА) потенцира дека крајно време е во Република Македонија политичките елити и државната администрација да ја сменат перцепцијата од тоа дека граѓанскиот сектор со нив влегува во арена.
- Да разберат дека граѓанскиот сектор со нив влегува во форум за дебата за да можеме да биде поефикасни, поекономични и поефективни како нација, рече Николов.
Ново на Сител
-

Големо невреме со пороен дожд, грмежи и град северозападно од Куманово
-

Ангелов: Пожарот кај Макази најверојатно е подметнат, може да се прошири кон НП Пелистер
-

Андреј Смилевски со убедливи 3:0 избори финале на Светскиот куп во Будимпешта
-

Пепи Велков обезбеди финале, утре ќе се бори за злато против Украинецот Кобзиев
-

Уапсен 27-годишен тетовец, на жена и украл ташна со лични предмети на бензинска
-

Два гола на Халанд во триумфот на Сити над Кристал Палас
-

Ангелов: Бројот на пожари на отворен простор не стивнува, граѓаните да бидат исклучително внимателни
-

Турција инкасира над една милијарда долари од турските серии
