Консултации за измени на законите за вработени во јавен сектор и административни службеници
Консултатации за измени на законите за вработени во јавен сектор и за административни службеници во институциите опфатени со тие закони почна денеска на работилница Министерството за информатичко општетсво и администрација.
Како што информирал државниот секретар Јахи Јахија, на работилницата институциите опфатени со Законот за вработените во јавниот сектор имале можност да ги претстават ставовите и предлозите во однос на прашањата кои во текот на изминатиот период на примена предизвикаа различни гледишта и толкувања.
– Тоа се прашањата за опфатот на институциите од јавниот сектор, класификацијата на вработените, нивните права и должности, Каталогот на работни места, актите за внатрешна организација и систематизација на работните места, Регистарот на вработените, изготвувањето на годишните планови за вработување, видовите на вработувања како и мобилноста во јавниот сектор, соопшти МИОА.
Оттаму очекуваат на работилницата да се дебатира за сите отворени прашања што ги засегаат институциите опфатени со Законот за вработени во јавниот сектор и од заклучоците да произлезат препораките за измени на двата закона.
Ова е втора работилница од овој тип, во организација на МИОА. Врз основа на претходните дискусии беа идентификувани клучните проблеми во имплементацијата на законите и беа предложени решенија за нивно надминување.
Работилницата се одржува со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
Филипче: Родовите прашања се сведуваат на прашања за доминација, тоа е погрешно
-
Интервентни мерки во вторник за поевтина храна, најави премиерот
-
Најави за странски инвестиции
-
Полициските контроли резултираа со намален број на интервенции на сообраќајки на Брзата помош
-
Тошковски: Селективната примена на закони ја загрозува правдата
-
Мицкоски: Победуваме на локални, имаме предност од 4:1
-
Мицкоски бара јавен притисок за промени во Судскиот совет