Конституивната седница на албанскиот парламент закажана за деветти септември

Конституивната седница на албанскиот парламент ќе се одржи на деветти септември.
Според деловникот за работа со седницата ќе раководи највозрасниот пратеник, ќе бидат верфикувани мандатите на пратениците и ќе биде избран претседател на Парламентот.
Како победничка, спикерското место во Парламентот и припаѓа на Социјалстичката партија. Како што беше утврдено на седница на Националното собрание на партијата, одржана пред два дена, кандидат ќе биде Грамоз Ручи.
На јунските избори коалицијата „За Албанија која ја сакаме“ предводена од Социјалистите на Еди Рама, освои 74 пратенички мандати во 140-члениот Парламент. Коалицијата на десницата Нова Република предводена од демократите на Љуљзим Баша освои 43 пратенички места, Движењето за социјалистичка интеграција на Моника Круемади 19, три Партијата за единство и правда (партија на протераните Чами од Грција) и еден пратеник од Социјал демократската партија.
Од првите парламентарни избори во 1992 година, по падот на тоталитаризмот, на годинешните јунски избори првпат една партија односно коалиција обезбеди мнозинство во Парламентот со можност да формира Влада.
Мандатарот Еди Рама пред два дена го соопшти составот на новиот владин кабинет, во кој освен премиерот се и еден вице премиери, двајца државни секретари и 11 министри.
Ново на Сител
-

Тошковски: Целта на „Безбеден град“ не е да казнува, туку да спаси човечки животи
-

Кузмановски: Мора да бидеме задоволни, иако посакувавме повисока победа
-

Со звукот на сирената Македонија ја совлада Романија на ЕП
-

Јанукович осуден на 15 години затвор за присвојување на државно земјиште
-

Македонските ракометари со предност од четири голови разлика на полувреме против Романците
-

Продолжи судењето против таткото на Васил Јованов, одбраната со забелешки за изведувањето на доказите
-

Пронајден возачот кој се снима како вози 293 км/ч и се фали на социјалните мрежи
-

Утре облачно со повремени локални врнежи од снег
