Конкурс за ученици по повод Светскиот ден на штедењето и Денот на осигурувањето

По повод Светскиот ден на штедењето – 31 октомври и Денот на осигурувањето – 1 ноември, Народната банка, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување објавија конкурс за ученици од основно и средно образование, со цел да ja поттикнат креативноста, имагинацијата, како и критичкото размислување на учениците при создавањето творби за штедењето и осигурувањето.
– Во конкурсот се одредени две теми на кои учениците од основите училишта можат да се јават со испраќање литературна творба – песна и/или ликовна творба – цртеж, вклучително и цртеж изработен на дигитален уред: „Штедам, сонувам и желбите ги остварувам“ и „Осигурувањето и јас“. По завршување на конкурсот ќе бидат избрани по три најдобри литературни и ликовни творби на двете теми. На учениците автори на избраните творби ќе им бидат доделени парични награди, соопштија од Народна банка.
Посочија дека годинава, на конкурсот, учениците од средните училишта можат да испратат литературна творба – есеј, и тоа на тема: „Парите и штедењето – некогаш и сега“. Според насоките дадени во конкурсот, есејот треба да содржи личен поглед кон улогата на парите и штедењето низ времето, со осврт на некои од следниве прашања: улогата на парите и штедењето во економијата, значењето на штедењето за иднината, ставот на младите кон штедењето, семејните навики и штедењето, класичните наспроти современите форми на штедење, класичните наспроти новите начини на плаќање, познавањата на младите за штедењето во финансиските институции, ставот на младите во однос на потребите за финансиска едукација и други аспекти, како и да конкурираат со литературна творба – расказ на тема: „Животот е полн со изненадувања, осигурувањето е мојата финансиска безбедност и заштита“. На учениците автори на трите најдобри есеи и раскази ќе им бидат доделени парични награди.
– Условите за учество се наведени во конкурсот којшто е објавен на интернет-страниците на Народната банка, Министерството за финансии и Агенцијата за супервизија на осигурување. Крајниот рок за доставување на творби е 21 октомври 2019 година, информираа од Народна банка.
Ново на Сител
-

Камион со железни профили криел 79 килограми марихуана – разбиена меѓународна криминална група на Дојран
-

Радев: Два брода погодени со дронови во Црното Море, еден потона – екипажот исчезнат
-

Судијата Кацарска на меѓународна конференција во Црна Гора за европската интеграција, владеење на правото и ВИ во судството
-

МВР со засилени контроли: Ќе се казнува користење мобилен телефон додека се вози
-

МЗ: Се очекува вакцините против грип да бидат обезбедени во текот на месецов
-

Во септември во Скопје заловени 172 кучиња од улица, 124 кастрирани и стерилизирани
-

Средба на Сиљановска-Давкова со претставнички на Здружението „Јас Сум Жена“
-

Македонија, Србија, Грција и Бугарија ги интензивираат регионалните енергетски врски и новите коридори за снабдување
