Конкурс за компаниите за користење искуства на странски експерти
За следната недела е предвидено објавување оглас, конкурс за компании во Македонија што ќе се пријават да користат искуства од странски експерти, соопшти денеска претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на новоизградената спортска сала во ОУ „Кочо Рацин“ во Кратово, Груевски потенцира дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ до последен ден ќе работи да ги исполни ветувањата на граѓаните.
- Од моите информации веќе следната недела Владата планира да го објави конкурсот за компании во Македонија кои ќе се пријават да добијат речиси бесплатно странски експерт кој ќе престојува недели или месеци кај нив и врз основа на своите долгогодишни искуства од истата област, да им ги пренесе најдобрите практики што ги има стекнато во развиени држави. Морам да потенцирам дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ до последен ден ќе работи да ги исполни ветувањата на граѓаните, до последен ден ќе работи да ја подобри нивната состојба и од тие причини може да се очекува овој оглас да излезе следната недела, рече Груевски.
Огласот, како што кажа, ќе трае 45 дена и на него ќе може да се пријават сите компании од Македонија што ги исполнуваат условите. Тие ќе може да се пријават и да побараат државата да обезбеди експерт за нивната компанија и дејност поединечно или поединечно за каква област сакаат, за унапредување на прозводството, маркетинг,...
Досега услуги од таков експерт користеле над 10 компании во Македонија и, според Груевски, задоволството кај компаниите е огромно.
- Тоа им помога компаниите да растат, да се развиваат и со тоа да отворат нови работни места, а тоа е од исклучителна важност за Република Македонија, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Ново на Сител
-
Маск: Американската поштенска служба и „Амтрак“ треба да се приватизираат
-
СВР-Битола апелира да не се палат стрништата на нивите
-
Нов Зеланд го отпушти својот амбасадор во Британија поради критички коментари за Трамп
-
Полска работи на укинување на практиката на зимско и летно сметање на времето
-
Приведен кичевец за „безобѕирно управување моторно возило “
-
Засилени сообраќајни контроли: 682 санкции за возачи, 68 за возење без возачка дозвола
-
Откриен нов дел од имунолошкиот систем клучен за борба против бактериите
-
Лаж: Ќе одиме во Барселона да победиме и да се пласираме во следната рунда