Конкурс за доделување на државната награда „11 Октомври" во 2016
Министерството за култура го објави Конкурсот за доделување на државната награда „11 Октомври" во 2016 година - највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес на Република Македонија. Конкурсот е отворен од 1 мај до 31 мај 2016 година.
Државната награда се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата.
Паричниот износ на наградата е 15 просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година. Во една година може да се доделат најмногу до пет награди.
Иницијатива за доделување на државната награда „11 Октомври" може да поднесат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани. Подносителите на иницијатива треба подробно да ја образложат иницијативата која треба да се достави на адреса на Министерство за култура на Република Македонија - Одбор за доделување на државната награда „11 Октомври", ул.„Ѓуро Ѓаковиќ" бр. 61 - Скопје, Република Македонија.
Информации за условите за учество на Конкурсот се објавени на www.kultura.gov.mk.
Ново на Сител
-
Трговците разочарани, за ССМ и ОПМ владините мерки кои ќе ја поевтинат храната, се добри
-
Коцевски: Ако јас имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Над илјада производи ќе се продаваат со замрзнати маржи до крајот на април
-
Тема на денот со Фатмир Битиќи, пратеник од СДСМ
-
СДСМ бара власта да ги прифати нивните мерки
-
Коцевски: Ако имам дисциплинска повреда, нека ме разрешат
-
Новите камери на Сејф сити ќе регистрираат прекршоци од 1 јануари следната година
-
Се замрзнува цената на дел од основните производи