Конкурс за бесплатно учење руски јазик во Центарот при УКИМ
Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје од почетокот на новата академска година ќе спроведе активности за бесплатно изучување на рускиот јазик за сите заинтересирани граѓани на Република Македонија.
- Крајниот рок за поднесувањето на пријавата е 5 септември до 20 часот. Идејата е да им се даде можност на сите оние што се заинтересирани за изучување на рускиот јазик да можат да го сторат тоа сосема бесплатно, соопшти Рускиот центар при УКИМ.
Право на учество на конкурсот имаат сите граѓани на Република Македонија. За пријавување потребно е да се пополни пријавата која може да се најде на интернет-страницата на Универзитетот www.ukim.edu.mk во секцијата документи/огласна табла. Пополнетата пријава може да се испрати по електронски пат на е-адресата: ruskicentar@ukim.edu.mk или да се поднесе лично во просториите на Рускиот центар на булевар „Теодосиј Гологанов“ број 28, трети кат на 4 и на 5 септември од 17 до 20 часот.
Кандидатите кои ќе аплицираат за повисок степен од кое било од трите рамништа потребно е да достават и копија или скенирана копија од сертификат за соодветно претходно ниво издаден од Рускиот центар при УКИМ или од други институции.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања