Коњановски: Гоце Делчев е нашата ѕвезда водилка

Гоце Делчев е наша ѕвезда водилка, кон жестината на истрајноста, повеќе од било кога, да го вреднуваме и почитуваме нашето македонско, што го имаме јазик, култура, традиција, писмо, слобода, истакна градоначалникот Тони Коњановски, на денешното одбележување на роденденот на Делчев во Битола.
Според востановената традиција, градоначалникот Коњановски и делегации претставници на јавниот живот на градот положија цвеќе пред бистата и спомен куќата на Гоце Делчев во Битола.
-Ретки се македонските великани како Гоце Делчев. Неговите дела продолжуваат да имаат значење во современата македонска историја и култура како симбол на националниот пат кон независност и слобода. Гоце Делчев е наша ѕвезда водилка, кон жестината на истрајноста, повеќе од било кога, посочи Коњановски.
Спомен куќата на Гоце Делчев е во централното градско подрачје на Битола, објект кој сведочи за престојот на Делчев во месец ноември 1901 година кога македонскиот револуционер учествувал на разговори со битолските окрузи и како што е запишано на спомен плочата, на поддржувачите исцрпно им ја осветлил борбата за национално и социјално ослободување на македонскиот народ.
Ново на Сител
-

35 години независност
-

Скопје се подготвува за Дејвид Гета
-

1991-2026 - години на надеж, очекувања, разочарувања
-

35 години политички кризи и пресврти
-

Дипломатски битки низ три и пол децении
-

Охридскиот аеродром доби нов и современ лик, украсен со реплики од фрески и мозаици од Плаошник и Св. Софија
-

Отворен реконструираниот аеродром св. Апостол Павле
-

Во Струмица започнува 34-то издание на ФКТ Ристо Шишков
